Приоритет на секоја организација се вработени со високи перформанси. Менаџерите на организациите ќе речат дека сакаат вработени кои работат на високо ниво, додека пак тим лидерите ќе кажат дека успехот на една компанија е во „организација со високи перформанси“.
Но што точно значи тоа?
Важно е да се напомене дека, кога зборуваме за високи перформанси, вработените не спаѓаат само во две категории: високи изведувачи и неисполнети.
Постојат и вработени кои си ја извршуваат работата на задоволително ниво и тоа е прифатливо. Но, тоа не се вработени со високи перформанси. Замислете ја разликата помеѓу доброто и одличното.
Високите перформанси се различни. Менаџерите треба да бидат способни да ги идентификуваат вработените со високи перформанси и да управуваат со нив за да продолжат да бидат високи вработени.
Еве четири квалитети кои се наоѓаат во врвни вработени и совети за управување со овие квалитети:
Високо квалитетните вработени ги остваруваат своите цели и бараат дополнителни задачи.
Многу вработени ги остваруваат своите цели. Но, високо квалитетните вработени прават повеќе од тоа. Тие ги остваруваат своите цели и велат: “Што е следно?”
Управувајте со целите на вработените со тоа што ќе им ги испланирате задачите. Високо квалитетните вработени не само што сакаат да постигнат повеќе цели, туку ќе бараат можности за да ги поттикнат своите вештини и да научат нови. Затоа, работете на развивање на високо квалитетните вработени преку целите што им ги доделувате.
Високо квалитетните вработени ја преземаат иницијативата за да ги зголемат своите вештини.
Додека повеќето вработени се отворени за обука и развој, високо квалитетните вработени не чекаат нивниот менаџер да ги прати на семинар. Всушност, тие се подготвени сами да инвестираат свое време и пари за професионален развој.
Менаџерите за високо квалитетните вработени ќе сакаат да имаат дополнителни буџетски средства за да ги наградат за професионални можности и развој. Развивањето на високите перформанси на вработените има смисла.
Така ќе бидете сигурни дека ресурсите се насочени правилно и дека високо квалитетните вработени навистина го оправдуваат своето учество преку споделување на своите знаења со остатокот од тимот.
Високо квалитетните вработени бараат фидбек за да ги подобрат нивните перформанси
Повторно, повеќето вработени се отворени за фидбек. Но често разликата е како тие вработени реагираат на разговорот. Високо квалитетните вработени намерно бараат фидбек за нивно само-подобрување.
Менаџерите треба редовно да даваат Feedback на сите вработени, тоа е само вистинската работа. Со високо квалитетни вработени целта е да оддржувате фидбек со високи перформанси и соодветно да ги мотивирате.
Високо квалитетните вработени имаат немилосрдна желба за квалитет.
Високо квалитетните луѓе целат кон тоа да призведат квалитет, постојано се во потрага по совршенство и никогаш не запираат. За менаџерите тоа може да се покаже како неодминлив и екстремно важен аспект.