Во потрагата по најдобрите кандидати за одредена работна позиција многу е важно правилно да го направите првиот чекор – пишувањето на добар опис за работното место.
За да изготвите и објавите добар опис и оглас за работното место, потребно е да запазите неколку важни работи:
Морате да бидете многу јасни и специфични околу бараните квалификации за да може кандидатот кога ќе го прочита описот инстантно да знае дали може да се совпадне и точно да знае што треба да поседува за да може да аплицира и да биде повикан за интервју, па и за понуда за работа.
Избегнувајте креативни називи и концентријате се на она што навистина претставува позицијата. Ако барате.
Позицијата може да има важна улога во организацијата, но ако описот за работното место е предолг, многу е веројатно дека нема да го задржи вниманието на читателите, потенцијално нема да биде јасно и ќе ги натера вистинските кандидати само да го изгасат линкот и воопшто да не аплицираат.
Многу е важно сите да знаат кои сте, што сте и каква е вашата корпоративна организација. Тука посебно е важно потенцијалниот кандидат да знае каква ви е организациската култура.