Постојат многу причини и фактори зошто одреден оглас за отворено работно место не ги привлекува вистинските кандидати, завршувате со премалку или премногу аплицирани лица и куп биографии од кои не можете да ја пронајдете вистинската личност за работата.
Почесто, сè се сведува на тоа дали сте направиле добар опис на работното место и дали успешно сте го доловиле во неколку редови.
Описот на работното место е најважниот документ кој ви треба за секоја работна позиција и за да биде квалитетно направен треба да извршува неколку важни функции:
Па, што треба да направите за да бидете сигурни дека сте напишале добар опис на работното место?
Напишете и дефинирајте јасен наслов на работното место
Насловот на работното место е фундаментален елемент кој во основа треба да биде јасен. Термини на насловот на работното место како „Unicorn Designer“, „Нинџа Девелопер“ или „Регрутер – Рокѕвезда“ не прават вашата компанија да изгледа „кул“ и модерно.
Напротив, не се реални, не го дефинираат работното место и потенцијално можат да се сметаат како дискриминаторни.
До неодамна можеби се сметаа како креативен начин на дефинирање на работното место, посебно во IT компаниите, но сериозните кандидати не се во потрага по такви наслови.
Пример, потенцијално сериозните кандидати не се во потрага по „гуру за податоци“ или „магионичар на социјалните мрежи“, туку „Специјалист за податоци“ или „Специјалист за социјални мрежи“.
Обидете се да бидете што е можно појасни и специфични.
Обратете се директно на кандидатите
Ефикасните огласи се професионални и блиски на оние кои треба да аплицираат на нив. Кандидатите често знаат воопшто и да не ги прочитаат фразите кои ги збунуваат и описите на задачи кои не им се јасни.
Добро е пред да го објавите својот оглас, двапати да проверите колку сите потточки кои сте ги навеле се јасни и прецизни.
Често добра пракса е да се консултирате со некој кој веќе работел или работи на работното место за да проверите дали и колку вашиот опис е јасен и прецизен.
Фокусирајте се на деталите
Кога давате прецизен опис на работното место задачите и одговорностите кои ги има работникот како и тоа какви вештини, искуства и способности барате, добро е да се концентрирате на неколку работи:
Само ефикасно креираниот опис на работното место кој го огласувате може да ги привлече вистинските кандидати кои ги барате и посакувате во вашата работна организација и атмосфера.