Факт е дека вашите работно образование и искуство имаат најголемо влијание на тоа дали ќе бидете повикани за одредена работна позиција, важно е да обрнете посебно внимание и на вашите вештини.
Поточно, потребно е да најдете добар начин како да ги истакнете вашите таканаречени меки и тврди вештини.
Најнапред, добро е да направиме едно основно дефинирање на овие два различни поими.
Тврдите вештини се оние вештини кои ги поседувате, а претставуваат специфично знаење за работата кое се стекнува преку искуството и образованието. Како на пример, познавање на одреден јазик кој се бара во огласот за пополнување на одредена работна позиција, поседувањето на сертификати и лиценци кои се бараат да ги поседувате и сл.
Меките вештини потешко можете да ги истакнете, но се подеднакво важни. Во главно вклучуваат ваши лични карактеристики околу тоа како се однесувате на работното место, како и колку комуницирате, колку сте расположени за тимска работа, колку успешно решавате проблеми итн.
Сите овие вештини, покрај тоа што треба да ги истакнете во вашето мотивационо писмо, добро е да ги наведети и во вашето резиме. Тврдите вештини најдобро е да ги вклучите во делот наменет за вашето претходно работно искуство.
Меките вештини од друга страна пак, добро е да ги издвоите во посебен дел како лични вештини кои ги поседувате.