Новите бизнис можности не се случуваат преку ноќ и без труд. Без разлика на тоа колку години работно искуство имате, на која позиција работите и дали се грижите општо за креирањето на иднината на целата компанија, не можете да се потпрете само на својата среќа и лесните околности.
Не е важно дали сте социјални по природа или не. Морате да излезете надвор од својата комфорна зона, да ги срушите бариерите и да почнете да градите посилни врски на работното место.
Како?
Научете се на кратки разговори во лифт
Кога зборуваме за разговори во лифт не се мисли на местото каде се вршат тие разговори, туку на нивното времетраење. Замислете дека се возите во лифт и дека имате само неколку минути да се претставите себеси и своите идеи, како ќе го изведете тоа?
Морате да развиете талент за брзо креирање на нови мрежи и можности на работното место, за неколку минути да оставите позитивен впечаток и успешно да се претставите себеси и компанијата за која работите.
Бидете оригинални
Збор кој често го сретнуваме – оригиналност и за многумина звучи како клише, но во реалноста навистина треба да се практикува.
Ако сакате да се издвоите од мнозинството, морате да понудите нешто ново, нешто невообичаено или да биде барем нешто што речиси никој не го прави.
Знајте со кого зборувате
Добро проверете преку кого сè сте поврзани со одредена личност, потрудете се подобро да ја запознаете личноста со која сакате да контактирате и најдете нешто заедничко со личноста која сакате да ја импресионирате, ако сакате успешно да ги презентирате вашите идеи.
Многу е важно да креирате одреден степен на интимност, за да го привлечете вниманието кон себе.
Најдете заеднички пријател
Секогаш, за било која ситуација, не само за деловните, можете да запознаете нова личност и да остварите нови контакти преку старите.
Луѓето многу повеќе веруваат на оние со кои имаат било каква врска, отколку на оние со кои воопшто не се поврзани.
Најдете заедничка корист
Заедничката корист е секогаш добра работа кога сакате да поврзете две страни. Пронајдете луѓе кои се вклопуваат во вашиот бизнис, лица со кои можете да се поврзете и да најдете нешто заедничко.
Не го трошете времето на контактирање на лица со кои не сакате да се поврзете, туку најдете ги оние од кои знаете дека ќе имате придобивки.
Фокусирајте се на важните информации
Потрудете се да најдете фокус на разговорот, без да го трошите времето, залудно, на непотребни информации и „празни“ разговори. Потенцијалните бизнис партнери сакаат да слушнат релевантни информации.
Планирајте
Врските не се како собирање на покемони или креирање на било каква друга колекција. Треба да планирате со кого ќе остварите контакт и како ќе го направите тоа.
Одржете ја вашата репутација
Репутацијата е важна кога сакате да креирате стабилна мрежа на бизнис партнери и истата морате да ја одржувате. Оние кои не ги остваруваат целите и кои не ги одржуваат ветувањата, многу брзо ги губат своите контакти, дури и оние најсигурните.
Барајте разноличност
Не се концентрирајте само на одреден тип на луѓе, на одреден тип на професија или кадар. Можете да најдете многу нови позитивни можности, ако градите контакти и со оние кои се надвор од вашата бранша.
Одржувајте ги и градете ги вашите социјални мрежи
Денес динамиката на функционирање се концентрира на социјалните мрежи и медиуми, па добро е колку можете повеќе да ги користите и таму да градите контакти и врски.