Денес има сè поголем број на компании кои регрутираат, односно посредуваат при вработувањето и компании кои имаат потреба од вработување на работници. Тоа значи дека има голем број на работни позиции од мои можат кандидатите да одбираат.
Пазарот на трудот денес е преполн со работодавачи и работобарачи, а тоа значи дека и притисокот да се најдат квалитетните работници и истите да се задржат е сè поголем и поголем.
Што можете да направите за да ја поттикнете „верноста“ на кандидатите и потенцијалните вработени?
Грижата за кандидатите и потенцијалните вработени започнува уште при првата средба, поточно уште при првиот повик. Многу е важно каков впечаток ќе оставите пред кандидатот, бидејќи во спротивно постои можност воопшто да не се појави ниту на првото интервју.
2. Дадете им до знаење дека можат да се потпрат на Вас
Кандидатот најверојатно има повеќе опции од кои може да одбира, па важно е да им покажете зошто токму на Вас треба и можат да се потпрат. Добро запознајте го со Вашата работа, со Вашата професионална култура и начинот на кој се организира работата за да знае што може да очекува од вас.
Важно е, како што наведовме и во претходната потточка да го запознаете кандидатот со секој мал дел од Вашата фирма кој сметате дека е важен за неговото работење и комплетно да ги „контролирате“ очекувањата кои ги има кандидатот за вашата компанија.
Важно е постојано да бидете во контакт со кандидатите сè додека не го пронајдете оној вистинскиот за вашата работа. Најдете неколку омилени кандидатите и погрижете се да изградите топол однос со нив уште од самиот почеток.
Да пронaјдете кандидат за позицијата е една работа. Друго е комплетно да се погрижите за давање на професионални совети, да градите однос и да направите кандидатот да се чувствува како да е разбран и „згрижен“, односно дека може да се смета себеси за дел од едно поголемо семејство кое заедно се грижи за напредокот и остварувањето на целите на компанијата.