Традиционалното планирање на кариерата каде индивидуите се вработуваат во компании и организации кои преземаат комплетна одговорност за можностите за раст и развор и кариерен напредок на индививудата полека, но сигурно се менува.
Со појавата на глобално организирање се појавија и неколку различни типови на кариерен пат.
Некои компании сè уште се држат до традиционалните погледи, но други компании земаат по слободен пристап во организирањето на човечките ресурси и планирањето на напредок во кариерата на секоја индивидуа.
Зошто треба да знаете кој тип на кариера најмногу одговара на вашата личност?
Начинот на кој пристапувате на вашиот кариерен развој, начинот на кој очекувате организацијата во која работите да ви овозможува кариерен развој зависи од типот на кариера кој го посакувате.
Затоа важно е да откриете кој тип на кариера најмногу одговара на вашиот карактер и вашите потреби.
Како можете да одредите кој тип на кариера одговара на вас?
Според Ребека Фрејзер можете да започнете водејќи се по неколку прашања кои ќе одредат кој тип најмногу одговара на вас:
Организациона кариера
Менлива кариера
Кариера без граници