Денес технологијата е таа која раководи со глобалната економија и диктира со што ќе се занимаваат компаниите кои сакаат да се изборат и да се најдат на врвот на пазарот, па и кои ќе бидат најбараните кадри и какви ќе бидат работните места. Џејсон Вомак, автор на „Your Best Just Got Better: Work Smarter, Think Bigger, Make More“, тврди дека неколку општи и пошироки категории на занимања се најбарани.
На кои општи категории се мисли?
Анализа на податоци
Денес секој располага со речиси неограничена количина на информации во било кој момент, но не секој може да го извлече најважното од тие информации. Токму затоа, способноста некој интелигентно да раководи со мноштвото хаотични информации се смета и уште повеќе ќе се смета за голема и важна вештина.Тоа подразбира фокусирање на теоријата на веројатност и на изучување на аналитичките и социјалните науки. Како голема предност како за вработените, така и за компаниите се смета способноста за извршување на статистички пресметки, раководењето со статистичките програми и процената на важноста на информациите.
Предлог книга: „The Cult of Statistical Significance“ од Зилијак и МекКлоски.
Дизајнирање на производи
Технологијата денес се развива до таа мера што доволно се само неколку месеци за одредени производи да се променат до комплетна непрепознатливост. Затоа, во иднина од голема важност ќе се смета способноста да разберете кои се целите на луѓето, за што ќе ги користат производите кои ги креирате и која е нивната вредност.
Предлог книга: „The Design of Future Things“ од Доналд Норман.
Адаптирање на работните места
Денес полека, но сигурно, компјутерите заземаат важен удел во работењето на речиси секој работник, но покрај компјутерот на работната маса уште можете да најдете материјали од „минатиот век“ како што е хартијата. Во иднина од уште поголема важност ќе биде хартијата да се замени со „Силициумот“ односно, сè да се модернизира и автоматизира.
Личен тренинг и здрава исхрана
Како што се зголемува просечниот животен век така, од сè поголема важност е грижата за здравјето. Како што велат во Америка „60-тите години се новите 40“, па важно е секој да научи да се грижи да остане фит и максимално ефикасен на работното место.
Извори:
http://womackcompany.com/aboutjason/
https://getmomentum.com/