Мотивацијата е основен двигател кој го поттикнува, насочува и одржува однесувањето на луѓето. Во работна средина, мотивација е тоа што ги поттикнува луѓето да сакаат да работат.
Мотивацијата може да биде внатрешна и надворешна.
Луѓето што имаат голема внатрешна (интринзична) мотивација се најдобрите работници. Тие ги постигнуваат и најдобрите резултати, а имаат и најголема сатисфакција од работата. Без разлика дали се ниско или високо квалификувана работна сила. Нив не треба особено да им стоите над глава, да ги опоменувате или потсетувате при работењето. Тие исто така имаат и висока развиена самосвест и се дисциплинирани. Вообичано нив како карактерна црта ги одликува и трудољубивост и ништо не им е тешко.
Спортистите се типичен пример за интринзично мотивирани профили на луѓе. Исклучителниот успех на нивните професионални кариери е резултат на посветеноста и мотивираноста.
Работниците во висока внатрешна мотивација знаат да се соочат со успеси, но и да се справат со неуспеси. Тие знаат дека неуспехот е подвиг и е само можност за уште поголем дострел.
Од друга страна надворешната (екстринзична) мотивација е последица на надворешен стимул. Секако дека двата вида на мотивација одат рака под рака и се во меѓусебно влијание.
Во една организација надворешната мотивација е тесно поврзана со пофалбата, со наградата, со казната, со паричниот стимул, бенефиции од компанијата, службено возило или мобилен телефон. За највисоките општествени позиции следуваат и акции од компанијата.
Компаниите кои се најуспешни на пазарот на трудот се смета дека имаат најзадоволни и најмотивирани работници. Тајната е развиената организациона структура, воспоставување на систем на награди, негување на култура на почитување и рамноправност на вработените, владеење на пријатна работна атмосфера. Доколку сте компанија која ги негува овие вредности, успехот е за загарантиран!