Погледнавме дали вреди да се потрудите и да креирате ваше уникатно видео CV. Но, по кои принципи да се водите за да креирате одличен видео запис од ваков тип?
Во прилог неколку принципи по кои треба да се водите кога креирате CV во форма на видео запис:
Бидете професионални
Носете облека иста каква што би носеле и на самото интервју. Избегнувајте непријатни зборови и одбрнете добро внимание на позадината каде го снимате видеото. Погрижете се да изгледа уредно.
Подгответе си скрипта
Не треба да бидете спонтани, напротив, сѐ треба да ви биде однапред изготвено, од тоа како ќе изгледа просторот каде снимате и како сте облечени до тоа што точно ќе кажете. Најважно е да истакнете што вие можете да направите за компанијата и како со вашите вештини и способности можете да бидете вклучени во истата.
Анализирајте ја вашата публика
Како што правите план за сѐ друго, обрнете внимание и на тоа кој ќе го гледа видео записот.
Бидете кратки
CV-то во форма на видео запис треба да биде кратко. Поточно, не подолго од 30 до 90 секунди.