Активните кандидати, односно лицата кои активно бараат работа, сочинуваат дури 75% од работната сила. Но, понекогаш најдобриот кандидат за пополнување на одредена работна позиција е токму оној кој не е во потрага по работа.
Доколку се подлучите да вработите пасивен кандидат, треба да внимавате на неколку работи:
Добро брендирање
Ниту едно лице кое веќе има стабилна работа нема да помисли да ја напушти истата, освен ако вашата компанија како бренд не му звучи привлечно.
Директност
Ако сте заинтересирани за одрдена личност, не се плашете да се поврзете со нив и да проверите дали би биле заинтересирани да станат дел од вашата компанија.
Дискреност
Морате да бидете максимално дискретни, бидејќи пасивните кандидати не саат нивните работодавачи да знаат дека постои потенцијал да си заминат од компанијата.
Понуда која не можат да ја одбијат
Ако го добиете вниманието на потенцијалниот кандидат, морате понатаму да му дадете понуда која не може да ја одбие. Тоа не секогаш значи само повисока плата, туку и подобри услови.
Унапредување, не платa
Повеќето луѓе кога напуштаат одредено работно место посакуваат да се качат чекор нагоре, не да останат на истата работна позиција.