Пред пандемијата да работиш од дома не беше толку популарно, меѓутоа, со оглед на тоа што сите бевме приморани да седиме во нашите домови, сакале или не, тоа не натера да бидеме пофлексибилни и да се прилагодиме на новиот начин на функционирање. Зависно од работата или од личните потреби на луѓето, на некои им одговараше ваквиот начин на живот, а на некои не.
Едно од повеќето истражувања, покажа дека скоро 65% од вработените се попродуктивни во нивната домашна канцеларија отколку на традиционално работно место. Но, сите знаеме дека еден статистичар не може да биде одговор на сите прашања. Во прилог ќе обработиме неколку фактори.
Транспорт и патни трошоци е фактор кој игра голема улога. Некои луѓе сакаат да прават промена и да патуваат од дома до своето работно место, но за голем број тоа е голем трошок и губење време. Во транспортот, од дома до работното место може да помине многу време кое може попродуктивно да го изменаџираме и искористиме.
Студија од Стендфорд спроведена со 16.000 работници во тек од 9 месеци, покажа дека работата од дома ја зголемува продуктивноста за 13%. Ова зголемување на перформансите се должи на повеќе повици во минута што се припишуваат на потивко поудобно работно опкружување и попродуктивна работа во смена поради помалку паузи и намален степен на боледувања. Во оваа иста студија, работниците исто така покажаа зголемено задоволство од работата, а стапките на трошоци беа намалени за 50%.
Лице во лице комуникацијата има големо влијание кај некои луѓе. Кога работиме од дома не можеме целосно да обрнеме внимание на ваков тип на двонасочна комуникација што е нешто што навистина го добивате само во канцелариски простор. Ова не е само корисно кога се планира бизнис, туку ги зајакнува и односите со другите вработени во фирмата.
Работата од канцеларија за менаџерите кои работат со вработените им е од поголема корист, затоа што така имаат поголема конторла и јасен поглед врз челановите во нивниот тим. Тие можат полесно да поставуваат прашања и да добијат брз одговор, секојдневно да ја следат работата и да имаат состаноци во моментот кога и да има потреба од нив.
Последниот фактор кој сакаме да го опфатиме е флексибилноста. Кога работиме од дома имаме поголема слобода како да си го испланираме работното и слободното време, кое работата од канецеларија не ни го дозволува. Излегувањето од таа ригидна рутина може да ни донесе поголем баланс помеѓу работата и приватниот живот. Кога и да имаме потреба да завршиме некои приватни обврски, а при тоа сме немале време, со флексибилноста имаме простор да ги чекираме од листата и да си ги тргнеме моменталните грижи поврзани со тоа.