Да го поставиме непријатното прашање: Дали некогаш ви се случило да „глимите“ дека сте болни само за да избегнете ден на работа после ноќ помината во пиење? Или можеби кога бевте помали знаевте да одглумите болест само за да избегнете страшен тест на училиште?
Би претпоставиле дека одговорот барем на едно од овие две прашања е позитивен.
Но, дали е во ред одговорот да биде позитивен? Дали е во ред да одличите да се јавите на работа и да кажете дека сте болни кога случајно ви текнало сред недела да излезете со пријателите до доцна навечер?
Сигурно претпоставувате: Одогворот на ова прашање е негативен. Не не е во ред да си земете ден боледување за таква причина.
Веројатно се прашувате зошто…
Ќе имате еден ден повеќе работни обврски
Никој нема да ви ги проверува мејловите кога не сте на работа. Никој нема да може да ве замени и да биде продуктивен наместо вас.
Едноставно, тоа е непрофесионално
Земањето на слободен ден може да направи вашите колеги да се посомневаат во вашата посветеност на работата. Сосема е во ред од време навреме да си дадете слободно попладне за лекарски преглед, но да земете цел еден ден слободен не е.
Вашиот претпоставен може да се посомнева во вашата посветеност
Едно да земате слободен ден за важни настани, но сосема друго е да земате по еден слободен ден секој месец. Колку почесто го правите тоа, толку повеќе вашиот претпоставен ќе се сомнева во тоа колку сте посветени на работата.
Тогаш кога ќе сакате да одите на вистински одмор, нема да имате слободни денови
Замислете, доаѓа летото и сакате две недели да отпатувате на некоја егзотична дестинација. Но, благодарение на слободните денови кои сте си ги давале претходно, немате доволно слободни денови да отпатувате на годишен одмор…
Секој пат кога ќе станете рано наутро со помислата: „Подобро да се јавам и да глумам дека сум болен/а“, добро размислете дали вреди да го направите тоа.