„Вештините се однесуваат на нивото на изведба на поединецот при извршување на одредена задача, или на способноста за добро извршување на работата, која исто така може да се подели на технички елементи и бихевиорални елементи“ (Noe, Hollenbeck & Gerhart, 2015). Техничките елементи ги мерат тврдите технички вештини додека комуникациските елементи ги мерат меките вештини, кои ги вклучуваат ставовите и пристапите на апликантите кон нивната работа, како што е способноста за соработка во тимски/групни проекти (Daud, Abidin, Sapuan & Rajadurai, 2012).
Разликата помеѓу нив е тоа дека тврдите вештини се лесно мерливи и дефинирани, а меките се потешки за одредување и универзални. За полесно да ги раберете ви ги претставуваме вака:
Тврди вештини Техничко познавање или обука која е стекната во текот на животното искуство, вклучувајќи ги образованието и кариерата. Тука спаѓаат: |
Меки вештини Персонални карактеристики и навики кои не обликуваат и влијаат на тоа како ние работиме, сами и со другите. Тука спаѓаат: |
Маркетинг менаџмент, Статистичка анализа, Билингвалност, Кодирање, Сметководство, Продажба, Програмски јазици, Техничко пишување, Пристапност, Дијагностицирање, Пишување, Дизајнирање, Маркетинг на социјалните медиуми, Финансиско планирање, Толкување на податоци и сл. |
Креативност, Комуникација, Сослушување, Емоционална интелигенција, Мотивација, Организација, Флексибилност, Способност за решавање на проблеми, Стратешко размислување, Трпение, Работа во групи, Способност за менаџирање со време, Одговорност, Иновативност, Истрајност и сл. |
Развивањето на меките вештини е доста важно. Студијата на Фондацијата Карнеги Мелон покажа дека 75% од долгорочниот успех на работата зависи од нивото на меки вештини што ги имале вработените. Друга студија на LinkedIn покажа дека 57% од работодавците ги ценат меките вештини повеќе од тешките вештини кога вработуваат нов кадар.
Тврдите вештини ги претставуваат барањата неопходни за правилно извршување на работата, додека меките вештини им помагаат на вработените да се справат и да реагираат на ситуации.
Обуката за меки и тврди вештини им помага на вработените да ги стекнат потребните знаења и способности за ефикасно извршување на нивните работни задачи. Кога на вработените им нудите обука за тешки вештини, им ги обезбедувате алатките неопходни за учење и зајакнување на специфичните способности потребни за извршување на работните функции.
Комбинацијата на тврди и меки вештини е неопходна за продуктивна и добро заокружена работна сила.