Вештините, способностите, квалификациите и професионалното искуство се важни фактори кои регрутерите ги земаат предвид кога се во потрага по кандидати за пополнување на празна позиција во компанија, односно на работно место.
Некои пак, овие ставки ги сметаат за најважни при процесот на регрутација и вработување.
Но, дали навистина се најважните и единствените фактори кои ќе одлучат дали еден кандидат ќе биде соодветен за компанијата и квалитетно и навремено ќе ги извршува своите задачи и одговорности?
Далеку поважен елемент кој може да влијае на успешноста на кандидатот е тоа дали соодветствува на културата и атмосферата на компанијата. Кандидатот може да ги има сите потребни квалификации, но да биде навикнат на поинаков начин на работење и да не се пронаоѓа во атмосферата и културата на компанијата.
Кога сте во потрага по кандидати за пополнување на одредено работно место, односно позиција, добро е да подготвите комплетен профил за тоа каков работник барате.
Кога ќе ги повикате одбраните кандидати според квалификациите за работното место на интервју, добро е да зададете и тест на личноста со кој ќе можете да проверите точно кој кандидат ќе се пронајде во атмосферата на компанијата.
Тестовите на личноста значително можат да ви помогнат во процесот на регрутација, бидејќи нудат одредена првична мерка за тоа колку кандидатот успешно ќе се пронајде во компанијата.
Дали некогаш сте примениле тест на личноста за регрутирање на работници во вашата компанија?
Колку тоа ви помогна да ги пронајдете вистинските, посветени и квалитетни вработени?