Успехот во кариерата може да дојде во разни форми, пред сè затоа што успехот за различни луѓе, може да значи различни работи. Секој го мери успехот по своја интерна мера.
Но, од друга страна, постојат неколку клучни работи по кои секој може да се фокусира кон успех и да го достигне:
Еден од најголемите проблеми за повеќето луѓе е тоа што не се свесни што значи успехот за нив, односно немаат претстава што е успех за нив. Едноставно кажано не успеале да го дефинираат поимот успех.
Важно е да најдете соодветна индивидуална дефиниција за тоа што претставува успех за Вас и да се водите по таа дефиниција.
Направете си лична мрежа на луѓе кои постојано ќе ве мотивираат да го следите патот до својот успех и кои ќе ве подучуваат за тоа како да ги надградувате своите вештини за да го постигнете тој успех.
Кого цените најмногу? Зошто? Како таа личност го дефинира поимот успех? Дали успеала да го достигне истиот? Најдете една личност која сметате дека е успешна, која може да ви служи како идол и по која ќе се водите.
Доколку имате можност направете си мрежа на личности кои ја делат истата професија со вас и кои ќе ви нудат професионална помош и можност за надградување.
Важно е на дневна, месечна, неделна и годишна база да следите и да запишувате што сте постигнале и уште колку ви останува до тоа да се чувствувате како успешна личност.