Дали ви се случило да претпоставите дека лицето кое се пријавило за ваш оглас и тековно не е вработено да сметате дека ќе биде полош работник од она лице кое веќе има работа, но бара нова?
Ваквата претпоставка не е нова.
Претпоставките и општата перцепција
Во работниот свет постојат многу генерално прифатени перцепции за кои често се потребни и години да се изменат. Една од тие перцепции е дека пасивните кандидати се супериорни над активните кандидати.
Одредени работодавци веруваат дека постои длабока причина зошто активните кандидати сѐ уште не се вработени и не можат да најдат работа. Од друга страна, според истите, очекувањето е дека ќе направат подобар избор на кандидат за пополнување на позицијата, ако ангажираат пасивен кандидат кој веќе е вработен.
Но, овие сфаќања почесто се комплетно неточни.
Реалноста
Што ги тера одредени регрутери и работодавачи да веруваат дека „вработен“ = „подобар работник“ и „невработен“ = „помалку квалитетен работник“? Секако дека постојат одредени ситуации кога работниците ја губат работата заради своја вина, но постојат и одлични кандидати кои не ја изгубиле работата по нивна вина.
Важно е да откриете зошто кандидатот бил избркан или ја напуштил последната работа. Покрај тоа, важно е да се земат предвид и претходните работни искуства, образованието, вештините, карактерот на личноста и степенот на мотивираност.
Да заклучиме: Важно е да не претпоставувате зошто одреден кандидат не е моментално вработен и да дадете предност на некој кој е вработен, туку да ги откриете причините кои стојат зад невработеноста.