Кога го пишувате пропратното писмо, многу е важно да го креирате така што ќе соодветствува на позицијата за која аплицирате. Тоа не значи само да го промените името на компанијата за која аплицирате…
Секое пропратно писмо треба да вклучува:
Поточно отприлика треба да изгледа вака:
Заглавие
Пропратното писмо треба да започне со основните информации за работодавачот, проследено со датум и вашите основни информации.
Вашите основни информации треба да содржат:
Поздравување
Започнете го писмото со Господин/Госпоѓа (Презимето на лицето кое го разгледува пропратното писмо) или ако не сте сигурни за тоа кој го разгледува, „Почитуван работодавач/Менаџер за вработување“.
Вовед
Започнете го воведот со наведување на позицијата за која аплицирате и објаснете како сте слушнале за работната позиција, посебно ако сте слушнале од контакт кој е поврзан со компанијата.
Кратко наведет како вашите вештини се поврзани со она што се бара во описот на работното место и како вашето искуство одговара на позицијата која се бара. Ваша цел е да го привлечете вниманието на работодавачот за да продолжи да го чита писмото до самиот крај.
Целина
Во неколку параграфи објаснете зошто сте заинтересирани за позицијата и зошто токму вие сте одличен кандидат за истата. Наведете поспецифични квалификации кои не сте ги навеле во резимето, кои ги поседувате и кои се наведени во описот на работното место.
Запомнете делата значат повеќе од зборовите. Не потенцирајте само како имате одлични комуникациски способности или како сте одличен тимски играч, туку наведете примери со кои ќе го докажете тоа.
Завршен дел
Потврдете дека вашите вештини прават совршено да се вклопувате во компанијата на позицијата која се бара да се пополни и наведете дека би сакале дополнително да разговарате на интервју.
Потпис
Не заборавајте да дадете завршна благодарност за можноста вашите информации да бидат разгледани и да го наведете вашето име.