Сите понекогаш сме задоволни, особено од работа која добро се плаќа и доаѓа со добра група соработници.
А понекогаш се случува само себеси да се залажувате: „Можеби ова не ми е работа од соништата, ама сега засега ќе морам да ја работам“ и континуриано и присилно да сте незадоволни. Сепак, вреди да размислите дали ќе продолжите себеси да се лажете или да ја напуштите работата.
Неколку знаци дека треба да си заминете од моменталната работа:
Живеете со статус кво
Ако во компанијата сте на иста позиција без никакво напредување или промоција во изминатите две години и сакате да продолжите да ја движите Вашата кариера напред – време е да се погледнете на друго место.
Дури и во голема организација каде напредувањата тешко се случуваат, треба да бидете во можност да направите некакво движење нагоре во рамките на овој временски период.
Не добивате фидбек
Ако вашиот менаџер не дава фидбек за Вашата работа или фидбекот е генерички, прилично тешко би можеле да се подобрите себеси и да имате можност да напредувате, што во ниту еден случај не Ви оди во прилог.
Не учите
Можеби не можете да учите по нешто ново секој ден, но секако дека треба во извесен временски период да ги подобрите Вашите веќе стекнати вештини или пак да научите и стекнете нови. Ако овие можности не постојат во вашата моментална работа, тоа е знак дека компанијата не е сериозна за инвестирање во развојот на вашата кариера.
Има постојано напуштање од страна на колеги
Дали сите колеги околу вас се чини дека постојано ги ажурираат своите резимеа и профили на LinkedIn? Кога ќе почнете да забележувате модел на незадоволни вработени (особено добрите) кои бараат излез и чести заминувања, ова обично укажува на фактот дека постојат подобри работни места и веројатно имате и Вие опции за нив.
Не е за охрабрување на слепо да се следат другите, но вреди да се земе предвид предупредувачкиот знак и да ги прашате вашите колеги зошто ја напуштаат компанијата. Нивните одговори може да се применат и во Вашата ситуација.
Постои редовно реструктуирање
Ако во Вашата компанија редовно се случува процес на реорганизација или промена на управувањето, ова може да укаже на прблеми во врска со раководството или несигурна стратешка насока. (пр: Во изминатата година сте имале четири различни шефови – ова не може да биде добро).
Реорганизирањето може да обезбеди можност да ја засили компанијата и да блесне, но почесто отколку не, значи турбуленција.
Чувствувате дека е време за промени
Надвор од овие препупредувачки знаци, не го игнорирајте и чувството на интуицијата за промени.
Никој не го знае вашето работно опкружување подобро од вас. И ако добиете чувство дека може да ви биде подобро на друго место, вреди да размислите дали треба да си заминете од моменталната работа.