Нема компанија која не сака да ги добие вистинските кандидати со испратени биографии и мотивациони писма во електронското сандаче, наместо кандидати кои без да размислат доставиле свое CV и најчесто не се соодветни за улогата.
За да дојдете до посакуваните кандидати морате да се брендирате на вистинскиот начин.
Што мислиме кога велиме на вистинскиот начин?
Рекламирањето на огласите е важен дел од регрутирањето и вработувањето, бидејќи има за цел да ги „продаде“ карактеристиките на компанијата и да ги привлече вистинските кандидати.
„Возбудливи вести! Даваме можност уште една личност да стане дел од нашиот тим!“
Освен ако не сте „Google“ или можеби „Apple“, мала е шансата дека ќе го привлечете вниманието на квалитетните кандидати.
Многу компании, без разлика на тоа дали се мали или големи, не успеале на правилен начин да се рекламираат како бренд затоа што се презафатени со услужување на своите клиенти.
Но, без вистинскиот приказ, најчесто завршувате со здодевни информации како месечни изјави, изјави за спојувања со други компании…
Во главно, работи кои не ги интересираат потенцијалните кандидати.
Големите компании кои се добро познати на јавноста, не се мачат да се рекламираат и најчесто делуваат арогантно и со преголема задоворба, па делуваат застрашувачки на многу кандидати, вклучувајќи ги и оние квалитетните.
„Ние сме (име на компанијата) и сега официјално вработуваме!“
Не заборавајте да наведете зошто вашата компанија би им делувала привлечно на потенцијалните кандидати.
На крајот на денот, не заборавајте дека денес луѓето преферираат да ја слушнат вашата приказна, да погледнат што прават вашите вработени, по можност дури и со видео.